ВМРО-ДПМНЕ: Нашите економски мерки ќе донесат бенефит за сите граѓани во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за доброто на сите граѓани во Република Македонија. Потврда за тоа се мерките и проектите кои ќе бидат дел од предизборната кампања, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

По победата на 12 април и формирање на идната влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе започне со реализирација на програмата од која што најголема придобивка ќе имаат сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да донесе раст на БДП за минимум 4 проценти годишно и со тоа да обезбеди стабилна економија. Нашата цел е да поттикнеме раст на економијата и да креираме квалитетен амбиент за работа, која што ќе привлече инвестиции и ќе влијае на отворање на нови работни места.
ВМРО-ДПМНЕ и обновата на Македонија се обврзуваат да донесат повеќе пари за бизнисот, помалку давачки и бирократија. Ова значи намалување на парафискалните давачки за фирмите кои што се резултат на анализата и средбите со стопанските комори и стопанствениците. Освен за парафискалните давачки, имаме и детална анализа за кратење на сите административни бирократски процедури кои се пречка за бизнисот. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да реализира повеќе од 90 проценти од планираните капитални државни инвестиции годишно. ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди подобрување на бизнис климата во државата, но и подобрување на економскиот рејтинг на државата што подразбира не само економски и институционални мерки туку и борба против корупцијата и криминалот. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува Македонија да се искачи во Топ 10 на листата на „Дуинг бизнис“, да влезе во првата третина на листата на Светскиот економски форум „Давос“, како и да влезе во првата четвртина на листата на „Форбс“. Република Македонија мора да има силни институции во служба на граѓаните, правна сигурност и владеење на правото, како и макроекономска стабилност. Обновата на Македонија следува по 12-ти април. ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе повеќе за секого во државата, истакнуваат од партијата.

По 12-ти април следува вистинска грижа и подобрување на животниот стандард на граѓаните, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2020 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега