ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија заслужи да добие датум за отпочнување преговори за членство во ЕУ многу порано

Република Македонија заслужи да добие датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ многу порано. Граѓаните не треба да бидат казнети и да ја плаќаат цената за неспособното и криминално владеење на Зоран Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалец Зоран Заев е истрошен и исплашен политичар кој знае дека ќе треба да одговара пред граѓаните и законите на Република Македонија.

Единственото нешто кое СДСМ го направи изминатите три години е тоа што го промени уставното име на државата.

Eдинственото нешто што оваа власт им сервираше на граѓаните беа поразите и понижувањата.

Порази и понижувања за да може власта слободно да краде, да се спроведува криминал во големи размери и корупција. Милиони евра народни пари се испумпаа преку криминални тендери и грантови, пари кои завршија во џебовите на функционерите на СДСМ.

Крајот на поразите и понижувањата е се ближи. 12-ти април е денот кога граѓаните ќе го казнат Зоран Заев за сиот овој криминал и корупција што го стори изминатите три години.

Граѓаните ќе го казнат Заев за „Рекет 1“, „Рекет 2“, за ТЕ-ТО, случајот Рашковски, крвавите тендери.

После 12-ти април сите кои што се огрешиле пред законите ќе одговараат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2020 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега