ВМРО-ДПМНЕ: Уништувањето на билбордите е доказ за паниката и стравот од пораз во СДСМ

Уништувањето на билбордите е доказ за нервозата и паниката која владее во СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Причината за демолирањето на билбордите кои ја говорат вистината за Зоран Заев е стравот во владејачката партија од соочување со одговорност и уште еден обид за цензура на вистината. Додека Заев се богати, два милиони осиромашуваат е вистината за криминалот на Заев кое неговото обвинителство и судот по принципот “трас-трас” го амнестираше, стои во партиското соопштение и се додава:

„Насилството, цензурата и криминалот се белег на хибридниот режим на Зоран Заев. Тоа нема да не спречи туку не охрабрува да продолжиме да ја говориме вистината за тоа како Заев владее во земјата. Не може да сме најкриминалната земја во Европа, а Заев да е невин. Тој е креаторот и мозокот на ректот во Македонија“.

Од ВМРО-ДПМНЕ, ги повикаа надлежните институции да ги пронајдат насилниците и да ги превземат потребните мерки за ваквиот обид за цензура.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2020 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега