СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ им останаа само лажните вести, вистинските ќе им стигнат на 12 април кога ќе се соочат со убедлив пораз

На ВМРО-ДПМНЕ не му остана ништо освен лажните вести кои ќе се зголемуваат како што ќе наближува нивниот извесен пораз на 12 април, велат во реакција од СДСМ на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО- ДПМНЕ
 
Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ не престанува да измислува информации, да креира непостоечки случаи и на прес конференции да ги пласира како лажни вести кои веднаш се демантирани.
 
„Со месеци од белиот дворец лажеа за наводни криминални тендери во здравството, за кои Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пред неколку месеци донесе одлука со која укажа дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот за јавните набавки во Министерство за здравство.
 
Потоа истото го правеа и со болницата во Штип и повторно лагите им беа разоткриени.
 
Деновиве, очајно се обидуваат да конструираат непостоечки случај за министерот Венко Филипче.
 
Затоа, ги повикуваме институциите да ги истражат овие лажни наводи на ВМРО-ДПМНЕ со што на виделина ќе искочи уште една од низата лаги и измислици од белиот дворец.  
 
Уште 40 дена Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе шират лажни вести на секоја тема, а вистинските ќе им стигнат на 12 април кога ќе се соочат со убедлив пораз од граѓаните“ стои во реакцијата од СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2020 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега