ВМРО-ДПМНЕ: Како Филипче со чиновничка плата стигна до 15.580 квадратни метри плац на Водно

Венко Филипче е фатен како ја лаже јавноста и во огромен скандал. Венко Филипче е должен да одговори како е возможно со чиновничка плата да стигне до 15.580 м2 имот на Водно, велат од ВМРО- ДПМНЕ во соопштение.

„Како е возможно да е во сосопствеништво со газдата на фирмата која е добитник на милионски тендери во министерството за здравство и со директор на клиника каде Филипче му е надреден?

Полека но сигурно Филипче е еден од примерите како се богатат членовите на мафијата на власт.

Што е ова друго освен огромен криминал?

Венко Филипче повторно се крие зад институциите на хибридниот режим поставени во одбрана на криминалот и корупцијата во кои што Македонија секојдневно тоне на сите мерења.

Соочен со фактите, Филипче со празни флоскули ниту ги демантираше наводите ниту одговори на поставените прашања.

По изборите ќе следува одговори и одговорност за секој еден криминал“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2020 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега