Трипуновски: Власта лаже, не е откупен целиот тутун

Дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски денеска беше во посета на селата Али Коч и Коџалија.

-Денеска ме побараа тутунарите од Али Коч и Коџалија да ми се пожалат дека тутунот им останал непродаден заради нереалната проценка и обезвреднување на нивниот труд. Само во овие две села се останати околу 100 тона неоткупен тутун. Ова е само еден од примерите на кои посочував цело време додека траеше откупот на тутун. Џабе му се фалбите на Трајан кога имаме многу случаи на разочарани тутунари низ цела Македонија, а казната за тоа ќе ги стигне на 12 април, стои во неговиот пост на Фејсбук.

04.03.2020 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега