ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и натаму лута во лавиринтот на безидејност

СДСМ повторно безочно лаже.СДСМ три години се на власт и освен скандалозните програми, скандалозната Национална стратегија, скандалозниот Предлог-закон продолжуваат и понатаму да лутаат во лавиринтот на безидејноста, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. 

-Ги советуваме гласноговорниците од СДСМ добро да си ги проверат изнесените невистини бидејќи во нивниот Предлог – закон за култура делегираниот буџет не постои, а повеќе-годишно финансирање е сосема паушално наведено без никакви механизми за имплементација, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека институциите во не постојат, нешто по кое ќе остане препознатлива оваа Влада на СДСМ која во својот мандат, како што се вели во соопштението, нема заковано ниту една шајка во институциите од областа на културата.

-Културните работници знаат да препознаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија во која културата секогаш била врвен приоритет. Затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди Програма за враќање на дигнитетот на македонската култура и унапредување на нејзиниот развој во сите сегменти, се вели во реакцијата.     

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2020 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега