Мицкоски се сретна со унгарскиот амбасадор: Власта наместо да се фокусира на реформите, целата енергија ја посвети на политички пазар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Ласло Дукс.

На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска ситуација во државата, претстојните предвремени парламентарни избори и европската перспектива на Македонија.

-Мицкоски на средбата истакна дека високата корупција како и бројните афери без завршница поврзани со функционери од актуелната власт претставуваат сериозна кочница на Македонија.  Мицкоски ја афирмираше заложбата на ВМРО ДПМНЕ за откочување на патот кон ЕУ и наша интеграција во европското семејство. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека власта наместо да биде фокусирана на исполнување на реформите и подобра економија и инфраструктура, целата енергија ја посвети на политички пазари со цел амнестијата за криминалите изминативе години, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски потенцирал дека после 12 април владата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ забрзано ќе работи на исполнување на клучните реформи и ќе воведе економски мерки со кои ќе ги доближи македонските граѓани до европскиот стандард.

На средбата бела посочена и одличната соработка помеѓу Македонија и Унгарија  и беше нагласено дека во иднина постои простор за уште поголема соработка како на економски така и на научен план.      

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2020 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега