Николоски: Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има голем број на проекти за сите граѓани

Изготвуваме една многу обемна програма која што треба да даде одговор на клучните прашања во државата ќе има една јасна визија како Македонија да ја извадиме од оваа инационална и економско тонење, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното интервју во емисијата 10 минути на ТВ 21.

Николоски посочи дека во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе вклучени голем број на проекти за граѓаните истакнувајќи дека ќе има намалување на даноците, реформи во образованието и здравството како и поставување на функционален систем на владеење на правото.

-Главните контури на програмата веќе се оцртуваат и тие се јасни, дали е тоа намалување на даноците во економијата, дали се тоа реформи во образованието или во здравство, граѓаните може да го видат тоа, дали се мерките кои што ги планираме во енергетиката и екологијата кои што се многу значајни, одиме на нов систем на функционално владеење на правото, во земјоделието исто така ќе има доста новини и социјална грижа, тие се главните теми на кои што сме посветени овој период, истакна потпретседателот Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2020 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега