Царовска: Инвестираме во покачување на минималната плата зашто нишкој не би останал во Македонија ако платите не растат

Со години не се следеа политиките, пазарен труд, пензиски систем. Кога ги отворивме сите дилеми и дебати гледаме дека се може да се реши. Инвестираме во покачување на минималната плата затоа што никој не би останал во државата доколку не продолжат платите да растат, вели вицепремиерката Мила Царовска.

-Паралелно инвестираме и во образовниот систем за учениците да се стекнат со одредно образование за бизнисот. Во 2019 гледаме зголемени интереси за техничките стручни училишта. Овој интерес за техничко образование ќе ни дозволи понатамошно планирање на човечкиот ресурс, вели Царовска.

Вицепремиерката додава дека државата се движи по вистинската патека.

-Компаниите стануваат похрабри, да не заборавиме дека за инвестиции потребна е политичка стабилност, за две години успеавме да направиме политички стабилна држава, вели Царовска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2020 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега