СДСМ: Минималната плата ќе ја зголемиме на 18.000 денари, социјална помош за 34.000 семејства

Вистинската грижа за сите граѓани продолжува, минималната плата ќе ја зголемиме на 18.000 денари, социјалната помош ќе се прошири на 34.000 семејства, градиме 777 социјални станови, соопштуваат од СДСМ.

-Политиките на СДСМ и претседателот Заев во изминатите 2,5 години покажаа што значи вистинска грижа за сите категории граѓани. Но, знаеме и убедени сме дека можеме уште повеќе и уште подобро и затоа граѓаните ќе ни дадат мандат да продолжиме да се грижиме за оние на кои им е потребна помош, за сиромашните, ранливите, да продолжуваме да вложуваме во луѓето, а не во спомениците. Социјалната помош ја зголемивме за 300%, а до крајот на следниот мандат истата ќе се прошири и ќе ја примаат 34.000 домаќинства како гарантирана минимална помош, а 65.000 деца ќе примаат детски додаток. До 2024 година, со предучилишно образование ќе опфатиме 60% од децата на возраст од 3 до 6 и ќе ги ослободиме од плаќање партиципација за градинка сите деца од семејствата со ниски приходи. На најранливите семејства мораме да им помогнеме, да имаат сигурен дом, свое место каде го развиваат своето семејство. Затоа, во следниот мандат ќе изградиме 777 социјални станови за најранливите семејства но и за млади брачни парови, се вели во дописот од СДСМ.

Посочуваат дека финансиските средства за преквалификација, тренинг и проактивно едуцирање со цел полесно наоѓање на вработување ќе се зголемат за 30 отсто.

-Обезбедуваме голема помош и поддршка и за највозрасните наши граѓани. Ќе отвориме три домови за стари лица во Скопје, Кочани и Пробиштип. Ќе изградиме и 10 нови центри за активно и здраво стареење и услуга за помош и нега во домот во 65 општини. Минималната плата ја качуваме на 18.000 денари до крајот на мандатот, а просечната плата ќе изнесува 36.000 денари, затоа што секој заслужува соодветно да му се цени трудот на работното место. Градиме фер и праведна држава, на прав пат сме да овозможиме сите граѓани да имаат еднакви права. Продолжуваме заедно со граѓаните и по победата на 12 април, заедно можеме повеќе и подобро, се вели во соопштението од СДСМ:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2020 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега