Ѓорѓиевски: Палењето и фарбањето на билборди е само доказ дека СДСМ се во страшна паника и не сакаат граѓаните да ја видат реалноста

СДСМ се исплашени од пораз како никогаш до сега. Како наближува 12-ти април, така расте и нивната нервоза. Палењето и фарбањето на билборди е само доказ дека се во страшна паника и не сакаат граѓаните да ја видат реалноста. Полицијата потврди дека билбордот во Ѓорче Петров е уништен од активист кој може често да се забележи во друштво на Зоран Заев, да се забележи во друштво на Оливер Спасовски и да се забележи исто така во друштво на Стево Пендаровски.

Ова денеска го истакна членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, додавајќи дека уништувањето приватен имот е казниво со закон и оти додека Заев се крие зад политичкиот имунитет, неговите послушници се соочуваат со санкции.

- Ова се очајни обиди за спас од одговорност. Промена на власта ќе има, а Зоран Заев ќе мора да одговара. Со ваквите негови насилнички одлуки само вовлекува дополнително и други луѓе. Колку и да се трудат не можат да ја сокријат вистинската слика за нив и за Зоран Заев. Криминалот, корупцијата и рекетот кои ги прави оваа власт не може а, да не бидат видени од јавноста во Република Македонија, рече Ѓорѓиевски.

Според него, ниту бојадисувањето на билборди, ниту пак нивното палење нема да ја семат реалноста, а тоа според Ѓорѓиевски е дека Заев знаел за милионскиот рекет кој се случувал цела година и оти токму со негова закрила се ограбувале луѓе.

-Сторителите на вандализмот, но исто така и нивните нарачатели треба да знаат дека одговорност ќе има. Ќе одговараат и тие што ги палат билбордите, но истовремено ќе одговараат и нивните наредбодавачи. Уште еднаш апелираме до сите здраворазумни активисти од СДСМ кои што се излажани токму од Зоран Заев и криминалната дружина околу него да не наседнуваат на местенките од страна на фамилијата на власта. Додека врхушката ја изрекетира цела Македонија и си ги пушти децата на школување во странство, тие тука се принудени да прават кривични дела само за да го спасуваат Зоран Заев. Никој нека не се лаже дека ќе остане неказнет. Одговорност ќе има за сите до еден.

05.03.2020 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега