Филипче: Класични лажни вести се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, можно да поднесам тужба

Министерот за здравство Венко Филипче денеска повтори дека се лажни обвинувањата против него од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за нелегално стекнат имот и најави можност да поднесе тужба.

-Тоа се класични лажни вести. Ништо од тоа не е вистина, ниту дека имам некаков имот, ниту дека некој фигурира како сопственик. Навистина го поминаа мојот голем праг на толеранција и ќе мора да ја разгледам можноста да поднесам тужба, рече Филипче на денешната прес-конференција, во врска со обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за т.н. „Шпанско село 2“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2020 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега