Андреевски: Заложбите на СДСМ за енергетска ефикасност се реални и видливи

Повод за денешната прес конференција е светскиот ден на Енергетска Ефикасност, а тоа е добра причина да се потсетиме на клучните политики на СДСМ  во изминатиот период, рече денеска на прес конференција Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.

„Горди сме што на светскиот ден на енергетска ефикасност може да се пофалиме со донесувањето на Законот за енергетска ефикасност како и со законот за енергетика, како европски закони којшто се пред се” во интерес на граѓаните.

Во изминатите 2,5 години, Владата предводена од СДСМ, директно субвенционира 3853 домаќинства или 105.700.000 денари за ПВЦ и 24.000.000 денари за сончеви колектори со што се обезбедија 2.855 домаќинства.

Со овие Закони  којшто требаше да бидат донесени уште во 2014-та година, се исполнуваат обврските кон Енергетската заедница, но уште поважно придобивките се за граѓаните и компаниите на кои Законот им отвара можност за либерализација на пазарот енергија по сопствен избор на снабдувач со енергенси.

Законите за ЕЕ и енергетика овозможува зголемување на учеството на обновливите извори на енергија во вкупното производство на електрична енергија, при што Владата предводена од СДСМ ќе се посвети да ги потикне граѓаните за поголемо искористување на сите расположливи потенцијали за производство на електрична енергија од сонце, ветер и вода.

Потенциалот   на   заштеда   на   енергија   во   областаенергетската ефикасност во државата е поголем од вкупниотдефицит   во   производството   на   електричната   енергија   којасега се покрива со увоз.

Најголемиот предизвик на овој тим во СДСМ е зголемување на производството од обновливи извори на енергија.

Нашите заложби за енергетска ефикасност се реални и видливи.

Продолжуваме со натамошна реализација на проекти коишто ќе значат заштеда за граѓаните, но и чиста, здрава живитна средина“ рече Андреевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2020 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега