Ѓорчев: Програмата за „Живот во Македонија“ на Заев стана програма за живот во Германија, Шведска и Канада

Програмата за живот во Македонија со која СДСМ настапи и со која ги доби гласовите на македонските граѓани на изборите во 2016 година, стана програма за живот во Германија, Шведска, Канада, делови на Македонија се целосно депопулирани и испразнети, истакна Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебатна емисија “Клик Плус“ на телевизија Тв21.

Тој потенцираше дека изминативе три години граѓаните имаа можност да осетат и да се потсетат како е кога СДСМ е на власт, која многу ветува пред избори за кога ќе дојде на власт ништо да не исполни за разлика од ВМРО-ДПМНЕ која се што ветува пред избори се исполнува кога ја предводи Владата.

Изминативе три години имаа можност да осетат и да се потсетат како е кога е на власт СДСМ. Многу ветија ништо не исполнија. Ветени беа големи зборови во нивната таканаречена програма за “живот во Македонија“ која што се претвори во програма за егзодус на Македонија, за заминување, за иселување. Она што се случува во Македонија изминативе три години е страшно. Во моментов имаме иселување и во источна Македонија и во западна Македонија. Делови на Македонија се целосно депопулирани и испразнети. А најголем дел на иселувањето затоа што владата на СДСМ не донесе ниту една странска инвестиција. Имаме ситуација каде што 2016 и 2017 година Зоран Заев велеше, гласајте за мене ќе ви донесам живот во Македонија. Таа програма за живот во Македонија стана програма за живот во Германија, во Шведска и во Канада, рече Ѓорчев.

Одговорноста за ваквата ситуација, Ѓорчев ја посочи кај СДСМ и Зоран Заев, кои се покажаа неспособни за да ја водат Македонија и чии челници се до гуша заглавени во корупција. Тој додаде дека за нивните три и кусур години власт не успеаја да отворат ниту една фабрика во цела Македонија

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2020 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега