Тачи: Анкетите покажуваат дека ВМРО стои многу подобро од СДСМ па затоа Заев е принуден на коалиции

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Менду Тачи, поканет во емисијата “Пресинг“ на косовската телевизија Т7, во врска со последните политички движења во земјата, рече дека СДСМ е принудена да коалицира со албанските политички партии затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу подобра на анкетите.

- Јас комуницирам со луѓе за кои велат дека гласале за СДСМ, зошто велат дека ДУИ ги уништила. Но, сега економијата е уништена. Јас сум за коалиција меѓу Македонците и Албанците, но не во оваа форма. Ова коалиција е затоа што според анкетите, СДСМ стои под ВМРО, рече Тачи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2020 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега