Богоевски: Добро е што се укинаа патните трошоци за пратеници, но не е во ред да има секретарки и коли за директори

Поранешниот пратеник Павле Богоевски на својот Фејсбук профил даде свој став за укинувањето на патните трошоци на пратениците.

-Целосното укинување на патните трошоци за пратениците е мошне благородна и нужна идеја, иако можеби малку непрактична. Но, вистинските непотребни трошоци не се само кај пратениците. Треба да се направи темелна анализа на оправданоста за сите привилегии на јавните функционери, напиша Богоевски, кој потоа додаде дека не е во ред и да имаме три секретарки и пет коли по глава на директор во јавните, државни или локални претпријатија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2020 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега