Поскапеле угостителските услуги

Цените на угостителските услуги во април годинава во споредба со април лани забележаа пораст од 0,3 отсто, а во однос на претходниот месец нема промена.  Намалување забележано е во групата храна за 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-април 2013 година, во однос на овој период од минатата година, е зголемен за 0,4 отсто, додека во однос на декември 2012 година е зголемен за 0,2 проценти.