Костадинов: Извршителот Мицкоски е против ЕУ и против напредокот, ВМРО-ДПМНЕ е за изолација, СДСМ е за интеграција

Само извршителот Христијан Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ се против интеграцијата, против напредокот и успехот на државата, вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Според него, до толку Мицкоски е против сопствената држава што и најпозитивниот Извештај на Европската комисија го прогласи за лажни вести.

-Од толку ширење лаги, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски веќе не знаат што е вистина, ти се заглавени во матрицата на лажни вести. Се потврдува секој ден, извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се за изолација и враќање назад, СДСМ е за интеграција и напредок. Тие еден чекор назад, ние три напред. Извршителот Христијан Мицкоски е поразен од европските успеси на државата, од успехот на политиките на СДСМ и Зоран Заев, вели Костадинов.

Според него, благодарение токму на тие политики, денес сме чекор поблиску до одлука за почеток на преговори со Унијата.

-Докажавме дека со СДСМ и Зоран Заев, НАТО и Европската унија се реалност. На овие избори ќе се судрат два целосно спротивни концепти. Од една страна концептот на извршителот Мицкоски за враќање назад, односно концептот на минатото и овој на СДСМ за продолжување напред, односно концептот за иднината.  СДСМ нема да отстапи од градењето европска иднина за државата. Имаме визија, храброст и одлучност да продолжиме по правиот пат и тоа ќе го сториме. Продолжуваме уште посилни и похрабри по победата на 12 април. Заедно со граѓаните одиме напред, одиме кон ЕУ, рече Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2020 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега