Стоилковски: Филипче да си даде оставка, здравството да не биде заложник на тендери за градба на Шпанско Село 2

Овде од Нерези на 15.500 метри квадратни се градат две од петте за сега планирани касарни на Филипче, како дел од Шпанско село 2, последен од низата скандали на овој хибриден режим, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Според него, Само во овој, како што рече, хибриден режим министер за здравство и неговите институции може да доделуваат тендери за набавки тешки милиони евра на сосопственик и градежен партнер на семејството на госпоѓата министерка Филипче!

-Венко Филипче за две години не успеа да направи ниту еден градежен зафат во медицинска инфраструктура, но затоа зад мене добитникот на јавни набавки со потпис на Филипче и на директорите под Филипче има градежни зафати за изградба на Шпанско село 2 заедно со семејството на Филипче. Венко Филипче мора да замине од функцијата сега и веднаш, без одлагање. Здравството не може ни ден повеќе да биде заложник на тендери за градба на министерското Шпанско Село 2 во Нерези, рече Стоилковски.

Рече дека Филипче мора да замине и да одговори како со чесна државна плата се стигнува до 15.000 квадрати на Водно.

-Венко Филипче мора да замине и да одговори, како градежен партнер и сосопственик на имоти со семејството на Филипче добива 8 милиони евра на тендери? Венко Филипче мора да замине и да одговори, зошто зад мене на задолжителната информациска табла стои семејна куќа ако градежната дозвола е А4 за времено сместување? Венко Филипче мора да замине и да одговори, дали овој градежен зафат за времено сместување што опфаќа и дом за стари лица е резултат на разговорите со Боки 13? Венко Филипче мора да замине и да одговори, уште колку нему блиски функционери имаат парцели во делот на Шпанско село 2? Венко Филипче мора да замине и да одговори, дали и во овој период до изборниот пораз итните тендерски набавки може да ги добие неговиот семеен градежен партнер?, праша Стоилковски.

Вели дека Филипче мора да замине од функцијата, додавајќи дека здравството не може ниту ден повеќе да биде заложник на, како што рече, тендери за градба на министерско Шпанско Село во Нерези на Водно.

07.03.2020 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега