ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на инвестиции во културата и дигитализација на културното и уметничкото наследство

По победата на 12-ти април следуваат пакет мерки за инвестиции во културата и  дигитализација на културното и уметничкото наследство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата се обврзува на обнова која ќе значи капитален проект за дигитализација на културното и уметничкото наследство, со цел, како што велат, истото да го сочуваме од заборавот на времето и да го направиме подостапно за јавноста.

-Се обврзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција на зградата на Музеј на Македонија согласно современите архитектонски стандарди. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе опфати инвестиција во македонски брендови и креативни индустрии. Ова значи финасирање и системска поддршка за развојот на креативните индустрии во културата како економски ресурс за креирање нови работни места,  приходи и одржлив развој.ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе овозможи делегиран буџет за културните установи. Ова подразбира сигурност во финансирањето на проекти во културата, но и мотивација за награда за најуспешните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата, како што се вели во соопштението, се обврзува на обнова која ќе овозможи стимулирање на бизнис секторот да инвестира во културата.

- За таа цел ќе направиме измени во постојниот закон со кој ќе се овозможи повеќе инвестиции на стопанството во сферата на културата. Оолеснувањата ќе овозможат поттикнување на бизнисот да насочува повеќе средства во развојни проекти во културата. ВМРО-ДПМНЕ се бори да има повеќе за секого во државата. На 12-ти април следува победа на ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани на Република Македонија. Заеднички со народот ќе се избориме за обнова на Република Македонија и целосна реализација на проектите и мерките од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2020 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега