Трипуновски: Негрижата на Заев и СДСМ ги исуши езерата во Македонија

Зоран Заев заради личен и партиски профит во бизнисот со производство на електрична енергија ги остави граѓаните без капка вода. Според него, во 2020 година заради Заев земјоделците нема да имаат вода за наводнување, а ќе има и прекини во водоснабдувањето со вода за пиење низ градовите во Република Македонија, изјави на прес конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Цветан Трипуновски.

-Додава дека хидроакумулациите се испразнети и за повеќе од 2/3 од своите капацитети. Тиквешкото езеро е намалено за 70%, Езерото Калиманци е намалено за 75%, Езерото Турија е намалено за 65%, Прилепското езеро е намалено за 85%, Стрежевското езеро е намалено за 72,5%, Очајна е состојбата и со Мавровското и Дебарското езеро, рече Трипуновски.

Според него негрижата ги уништува македонските езера.

- На удар се граѓаните и престои проблем со водата за пиење, на удар ќе бидат и земјоделците и своите посеви, а со тоа и македонската економија. Само за пример во езерото Калиманци моментално има нешто над 30 милиони метри кубни вода. За задоволување на потребите на земјоделското производство на потегот од Виница до Велес се потребни 100 милиони метри кубни вода. Фалат цели 70 милиони метри кубни вода кои власта наместо да ги чува ги потроши за производство на електрична енергија, потенцираше Трипуновски и подвлече:

„Оризарите во кочанско нема да имаат вода за да ги поплават оризите, зафат кој што се прави во месец април. Нема да има вода ни за Овчеполието, ниту за другите краеви во Република Македонија. Иста е ситуацијатa и во Тиквешко, Повардарие, Пелагонија, Струмичко. Нема крај каде што нема да се појави проблем со наводнувањето во наредната 2020 година. Зоран Заев се што фати исуши. Негрижата поради неспособноста и жед за пари мора да престане и да се казни. За да не дозволиме СДСМ да украде уште 4 години од нашите животи. Неопходна е обнова која ќе донесе способност, работа, план и резултати.“

08.03.2020 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега