ДОМ на парламентарни избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

Демократска обнова на Македонија на парламентарни избори ќе настапи во коалиција со СДСМ, информираат од партијата.

„Во преговорите беше договорено дека еден од главните столбови на коалициската програма ќе биде заштитата на животната средина и климата, што е врвен приоритет на ДОМ.

Согласно одлуката на Централниот одбор, кандидати за пратеници од ДОМ се лидерката на ДОМ, Маја Морачанин во ИЕ3, потпретседателот на ДОМ, Мирослав Богдановски во ИЕ1, како и претседателот на општинската организација во Штип, Ванчо Санев во ИЕ3 и советничката од ДОМ во Битола, Ристенка Алтипармаковска во ИЕ5“, соопшти партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2020 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега