Mицкоски: Соработката на ВМРО-ДПМНЕ со ИРИ е на високо ниво

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски задно со советникот за меѓународна политика, Стефан Андоновски денеска остварија средба со регионалниот директор на ИРИ, Олин Ветингтон, Овен Паун директор на ИРИ за Македонија и Илина Мангова програмски директор на ИРИ.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, соработката на ВМРО-ДПМНЕ со ИРИ, нашата европска перспектива, злоупотребите на власта и престојните парламентарни избори.

Мицкоски истакна дека соработката на ВМРО-ДПМНЕ со ИРИ е на високо ниво и дека размената на искуство е од исклучителна важност во предизборниот период.

Тој потенцираше дека најголем проблем со кој се соочува нашата држава е криминалот и корупцијата, односно злоупотребите на власта од страна на СДСМ. Токму ова тој го посочи како најголема пречка за остварувуање на стратешката цел членството во Европската Унија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план како да го забрза процесот на интерграција на Република Македонија во Унијата преку целосно посветување на внатрешните реформи во државата.

Соговорниците беа согласни дека Македонија се наоѓа пред период кој е клучен за иднината на државата, односно дека иднината на државата зависи од фер и демократскиот изборен процес на 12 април.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2020 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега