СДСМ: Ние се грижиме за животната средина што ВМРО-ДПМНЕ ја загрозуваше

СДСМ со своите политики се залага и вложува во сите сегменти од општественото живеење со цел поквалитетен живот на сите граѓани, велат од партијата.

-Како дел од приоритетите на кои посветено работеше изминатите 2.5 години беше и заштитата на животната средина која се реализираше преку бројни мерки за намалување на загадувањето на почвата, воздухот и водата и сочувување на природата. Грижата за здравјето на граѓаните и животната средина продолжува уште подобро и уште повеќе. Воведуваме построга контрола и повисоки казни за загадувачите, комунална полиција во секоја општина и 24-часовен надзор врз инспекциските служби, се вели во соопштението од СДСМ.

Според партијата, тројно е зголемен бројот на еко инспектори, а како што велат, вовеле тројно повисоки казни за фабриките кои немаат еко филтри.

-60.000 домаќинства ќе добијат бесплатен еко инвертер, а ќе се обезбедат и  субвенции за приклучување на централно греење и за набавка на филтри на оџаците на домаќинствата. Наспроти еколошките политики на СДСМ , ВМРО-ДПМНЕ 11 години не донесе ниедна мерка за животна средина. Наместо тоа, поделија десетици концесии за рудници,купија најевтини кинески загадувачки автобуси, ја покачија цената на струјата за 100% и ги принудија луѓето да се греат на горива кои загадуваат. Ги натераа корисниците на парно во Скопје да се исклучат и имаат чиста нула инвестиции во обновливи извори на енергија. Денес, граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорниот пристап на СДСМ и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа на 12 април СДСМ заедно со граѓаните ќе оствари уште една победа. Продолжуваме заедно. Можеме уште повеќе, уште подобро, велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2020 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега