Познати и дел од останатите кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Откако беа објавени носителите на кандидатските листи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, познати се и дел од останатите кандидати за пратеници.

 

Во Изборната единица 1, покрај Гордана Силјановска Давкова која ќе биде носител, на листата ќе се најдат и Тимчо Муцунски, Синиша Стојановски, Бети Стаменковска, д-р Велика Стојковска, Тони Јаревски, Сафет Бишевац, Весна Марковска, Игор Никовски и Ружица Николовска.

Во ИЕ2, каде што носител е Владо Мисајловски, веднаш зад него ќе биде и Рашела Мизрахи.

Во петката, чиј носител е Игор Дурловски, кандидати ќе бидат Антонијо Милошоски, професорката Силвана Ангелевска, Владимир Пецаков, Јован Јаулески, докторката Јана Лозаноска, Ѓоко Сајкоски, Лидија Петковска, Мирче Аџиевски, докторката Грација Бакраческа.

Во ИЕ6, каде носител е Дафина Стојановска, кандидати ќе бидат и Александар Велјановски, Фуркан Чако од Турска партија, како и Стојан Тодоровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2020 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега