Чулев: Спасовски по новата систематизација ја укинал единицата за безпилотни летала - дроновите се ефикасни за мигрантска криза

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев во емисијата “200” на Алсат М телевизија објасни дека кога се работи за Корона вирусот, фудбалски настани или мигрантски кризи, од огромна помош би биле и некои технички помагала, како што се дроновите. Зошто МВР повеќе не може да ги користи безпилотните летала тој рече:

-Секој капацитет кој што е во корист на МВР и поддршка на полициските сили во насока на превенирање и спречување на кривични дела, е нешто што сите полиции во светот ги користат. Е сега, морам да ја информирам јавноста дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по новата систематизација донесена на 18-ти декември 2019 година, тоа е две недели пред неговото заминување, ја укинал единицата за безпилотни летала. Тие дронови се многу ефикасни и за мигрантски кризи, и за митинзи, па еве и за фудбалскиот настан Косово – Македонија доколку има провокации со дрон тие дронови на МВР би биле употребени антидроновски на пример. Доколку имавме дронови и за акцијата со дрога што беше од Италија до Крушопек, ќе немаше потреба од физичко следење на товарното возило, туку тоа ќе беше покриено со безпилотно летало. Иако за дроновите е платено каско одржување во висина од 1 милион и 940 илјади долари, тие се приземјени во моментов, а сите оние инженери, оператори и техничари кои се едни од најдобрите во Европа се распоредени по други полициски станици . Ние значи на штета на граѓаните, плаќаме големи суми за одржување на техничка опрема на МВР која што е многу ефикасна и која може да биде од огромна помош за државата, а е нефункционална. Затоа планирам да покренам барање за кривична одговорност, истакна Чулев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2020 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега