Николовски: Бишевац летото побара да биде кандидат на листата на СДСМ

Гостин во „Утрински брифинг„ на „Слободна ТВ“ беше Љупчо Николовски, кој кажа дека СДСМ воведе повисоки стандарди во политичкото однесување, селекција, развој на кадри и отвореност на партијата.

-Воведовме сосема нова методологија, каде што вклучивме меѓународни организации кои се поддржувачи на партијата, вклучивме многу странски експерти, експерти за човечки ресурси, психолози, социолози. Сите заедно креиравме предлог ранг листа која е предложена до самото раководство, до самиот конгрес. Така што на основа на 2.000 кандидатури, околу 900 имаа целосна документација. Имаме најквалитетна понуда на пратеници, изјави генералниот секретар на СДСМ.

Тој исто така истакна дека се уште има послушници на Груевски кои ја влечат државата наназад, а се осврна и на темата со Сафет Бишевац, кој е кандидат за пратеник на листата на ВМРО ДПМНЕ.

-Господинот Бишевац во текот на летото беше во мојот кабинет и побара да биде кандидат на листата на СДСМ. Јас му реков дека ниту можам да разговарам, ниту пак да гарантирам во тој момент. Очигледна е желбата да стане пратеник, но ние имавме јасна и прецизна постапка, која што на крајот ја исфрли најквалитетната кадровска и програмска понуда, изјави Николовски, околу т.н „шалтање“ на луѓе на противнички пратенички листи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2020 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега