ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе потпишат договор за коалиција, а вечерва партиска конвенција

 

ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери денеска ќе потпишат договор за коалицијата за „Обнова на Македонија“.

Како што информираат од Центарот за комуникации на партијата, настанот ќе се одржи во хотел „Континентал“ во 13:00 часот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера ги соопшти носители на пратенички листи за претстојните предвремени парламентарни избори. Одлука за кандидатите за пратеници и носителите на листи ја донесе Централниот комитет на партијата, чиј лидер Христијан Мицкоски информираше дека 95 проценти од листите е со нови лица.

Велерва ќе се одржи и партиската конвенција, на која треба да ги промовираат кандидатите за пратеници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2020 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега