ДУИ со 49 отсто кандидати жени за пратеници

 

Демократската Унија за Интеграција на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април ќе се кандидираа со 98 отсто млади кадри, од кои 49 отсто се жени. Една од нив е и Фиснике Бектеши, универзитетска професорка, која денеска од седиштето на ДУИ во Скопје, изјави дека е горда што е една од 58 жени од вкупно 120 кандидати на овој политички субјект што ќе се кандидира за следните парламентарни избори.

-Ова е утврдена листа на Демократската Унија за Интеграција. Ова е ДУИ на утрешниот ден, која ќе ја обезбеди иднината.Ваквото храбро реформирање на партијата уверува дека ДУИ е истовремено партија со големо искуство и со исклучителна динамика. Докажува дека ДУИ е силна партија, бидејќи е партија на граѓаните каде што сите се подготвени да се ангажираат и да го дадат нивниот придонес со нивното професионално искуство за заедничкиот интерес на државата и особено на Албанците во земјава, изјави Бектеши.

Воедно, таа кажа дека сите кандидати на ДУИ, се мотивирани да го продолжаат градењето кое е почнато минатите години како што е спроведувањето на Охридскиот рамковен Ддоговор, Договорот со Бугарија, и Договорот од Преспа, кои ја отворија вратата кон НАТО и ЕУ, но и реформите кои се донесени.

-Законот за јазици е голем чекор кое нас Албанците, тој не прави рамноправни иако се уште се соочуваме со постигнување на рамноправност во областа на правдата и другите области. Како еден свеж глас со сето искуство од минатото, ќе продолжиме со нашите напори за рамноправност, но со посебен фокус на создавање на работни места за сите, подобри плати и квалитетен живот за сите граѓани со евроатлантска интеграција, истакна Бектеши.

Исто така Бектеши, додаде дека сите кандидати на ДУИ, кои се на листите за пратеници го поминале процесот на партиски ветинг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.03.2020 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега