Арсовски: Стејт Департменотот го потврди криминалот, корупцијата и притисоците врз медиумите на власта на Заев

Извештајот на Стејт Департментот за минатата 2019 година за почитување на човековите права јасно покажува како функционира и работи Владата на Зоран Заев и СДСМ изминатите години. Корупција и криминалот на функционерите на СДСМ во владата се најглавниот проблем во Република Македонија, за кој ние како политичка партија говориме целиот изминат период откако Зоран Заев е на власт, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес конеференција

Арсовски истакна дека Зоран Заев и СДСМ донесоа само криминал, корупција и рекетирање.

„Стејт Департментот во најновиот извештај нотира дека Високата корупција е и натаму голем проблем во државата, а постојат и извештаи каде што државни службеници се вклучени во корупција. Ова е најглавниот проблем, еден од многуте на оваа влада. Сериозен проблем за човековите права во Македонија претставуваат ограничената независност на судството, политизираниот Судски совет и несоодветното финансирање, што и натаму ја спречуваат ефикасноста на борбата против корупцијата.“ истакна Арсовски

Тој додаде дека практично, Зоран Заев и СДСМ, наместо да се борат против корупцијата заедно со институциите, тие заедно со функционерите, заедно со Катица Јанева и другите е вмешана во најголемиот случај на РЕКЕТ во Република Македонија го достигнаа оваа ниво на криминал и корѕпција

„Заев наместо да се бори против корупцијата, тој ја прошири на целата територија на Република Македонија. Претходно беше само во Струмица, а сега е во целата држава. Многу важно е да се потенцира дека во најновиот извештај стои дека новинарите и медиумите се предмет на насилство и заплашувања. Во моментов имаме пресуди против новинари кои се критички настроени кон владата, притисоци врз медиуми, се вршат истраги врз медиуми кои ја изнесуваат вистината за криминалот на власта и најверојатно наредната година кога ќе излезе извештајот за 2020 година сите овие работи ќе бидат нотирани.“ , потенцираше Аровски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ова е вистината како Заев и СДСМ владеат и ја тероризираат Република Македнија.

„Корупција, криминал, рекетирање, вмешаност на нивните функционери во корупција и нормално, сето тоа да се прикрие преку заплашување, притисоци и осуди врз медиумите и новинарите. Ова е мислењето на меѓународните партнери за актуелната влада на СДСМ и Заев. После 12 април ова зло кое ја преплави Република Македонија со криминал и корупција мора да си замине и веднаш после 12 парил да отпочне Обновата на Македонија. Имаме тим, имаме визија, а имаме и енергија и волја да го срушиме хибридниот режим на Заев кој беше оценет и од угледниот Економист, наспроти истрошените кадри на СДСМ и Заев. Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев сега кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката и да одговара за сe што направил. ВМРО-ДПМНЕ победува на изборите на 12 април“ заклучи Арсовски

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.03.2020 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега