Ахмети: Скоро половина од кандидатите се жени, 98 проценти со спроведен ветинг

Претседателот на Демократска Унија за Интеграција, Али Ахмети се сретна со Францускиот амбасадор во Скопје, Кристиан Тимоние.

Ахмети повторно ги истакна црвените линии на Демократската Унија за Интеграција: Охридскиот, Преспанскиот, договорот за добрососедство, заедно со vетингот, владеењето на правото  и неселективната правда, континуираната и непречена интеграција, придружувани со создавање на работни места за сите, развој и младина.

Претседателот Ахмети го запозна амбасадорот Тимоние  за длабоките кадровски, структурни и програмски реформи на ДУИ  во овие избори, при што предложивме 49% жени и 98% нови кандидати на листите предложени за пратениците, докажани лица на професионален план и со полн интегритет.

Ахмети истакна дека новата методологија за преговорите за членство во ЕУ е патот за добивање на датум за почеток на преговорите со Европската Унија во месец март. 

ДУИ е партнер на Франција  и на меѓународната заедница, затоа и ние сме бескомпромисни за Преспанскиот, Охридскиот и договорот за добрососедство како и реформите за неселективната правда.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.03.2020 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега