Стојаноска: По скандалот со директорката, потребни се ригорозни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот

Носителот на кандидатската листа во Изборната единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во „Само вистина“ истакна дека директорката на Клиниката за кожни болести наместо да им помогне на граѓаните, им одмогнала.

 

„Државата досега добро се справуваше со вирусот само изминатите три дена. Добро справување ќе беше уште на самиот старт кога се појави опасноста, да не се дозволи вирусот да влезе во Македонија. И една препорака уште еднаш јавно до сите, оној кој не може да помогне, барем да не одмага“, истакна Стојаноска.

Стојаноска додаде дека во Македонија се случи ситуација каде што тој што требаше да помогне многу одмогна, за директорката на Клиника за дерматологија се однесува ова. Но факт е дека не е доцна да се спречи, но тоа може да се спречи само со ригорозни мерки. И истите треба строго да се почитуваат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.03.2020 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега