Јанушев: Мерките кои што ги усвои Владата за спречување на ширење на корона вирус ден претходно ги предложи ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и воедно носител на изборна единица 3, Игор Јанушев при своето гостување на „Топ Тема“ посочи дека за опозицијата најбитно е здpaвјето и животот на граѓаните во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ будно ја следи ситуацијата како се развива и во однос на тоа што ќе се случува понатаму така ќе ги насочува своите политички дејствувања.

-Она што треба да го имаме сите во предвид, будно да се следи ситуацијата како ќе се развива, без разлика на тоа што веќе влегуваме дефакто во изборите најбитно е здравјето и животот на граѓаните во Република Македонија. И тоа е наш прв приоритет и во однос како ќе се развива ситуацијата така и ќе го насочуваме нашето дејствување, појасни Јанушев.

Истакна дека сетот на мерките кои што ги усвои Владата впрочем беа оние мерки кои што само ден претходно ги предложи опозицијата. Според него факт е дека министерот Филипче и целата Влада го изневери македонскиот народ при справувањето со пандемијата на корона вирусот во однос на задоцнетото делување за превенција на ширењето на заразата, но посочи дека за ова и за се што претходело ќе има одговорност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.03.2020 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега