Јанушев: Ги поднесовме кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ со кои што ќе издвојуваме победа на 12-ти април

Само што ги поднесовме кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ, победничките кандидатски листи кои што на изборите на 12-ти април ќе издвојуваат една огромна, убедлива, историска победа за обнова на Македонија, изјави вечерва генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

-Со ова практично го завршуваме овој дел од да кажеме пред кампањата, не очекуваат неколку дена каде што ќе ги поминеме пред се во однос на барање на алтернативни начини како да останеме во непосреден контакт со граѓаните притоа секако почитувајќи ги препораките и мерките пред се на Светската Здравствена Организација со оглед на моменталната ситуација во однос на корона вирусот, рече Јанушев.

 

Во однос на тоа како ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води кампањата поради коронавирусот, рече дека се бараат алтернативни начини за да се остане во непосреден контакт со граѓаните. 

-Досегашните мерки и забрани кои што ги имаме во однос на собирите  до 24, тоа е всушност и вториот дел, официјалниот дел на кампањата. Ќе гледаме како ќе се одвива целата ситуација во поглед на тоа ќе одлучиме како понатаму. Во следните неколку дена ќе соопштиме и конкретно што планираме да направиме и секако уште еднаш ќе потенцирам дека целокупните капацитети на партијата, целокупните капацитети на луѓето во партијата  ги ставаме на располагање со се што можеме да помогнеме за полесно да се справиме со ова  што се случува во државата, рече Јанушев.

12.03.2020 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега