ВМРО-ДПМНЕ: Стејт Департментот ја потврди неспособноста на СДСМ и Заев

СДСМ и Заев во овие три години откако се на власт единствено нешто успееја да направат во државата е да донесат криминал, корупција и рекетирање во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ прку соопштение.

 „Според најновиот извештај на Стејт Департментот за 2019 година покажува дека високата корупција е најголем проблем во земјава, а постојат извештаи каде државните службеници се вклучени во корупција.

  Друг проблем кој се појавува во државата е независноста на судството, политизираниот Судски Совет кое ја спречува ефикасноста на борбата против корупцијата.

 Заев и СДСМ наместо да се борат против корупцијата, тие заедно со Катица Јанева се вмешани во најголемиот случај во државата „Рекет“.

  Извештајот на Стејт Департментот  стои и дека новинарите и медиумите се предмет на насилство и заплашување и се тоа е од страна на СДСМ и Заев.

 Ова е реалната слика за тоа како СДСМ и Заев ја тероризираат државата.

СДСМ не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри. Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени. Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката.

 Ова зло кое Заев го нанесе мора да си замине од државата. По 12-ти април  следува обновата на Македонија“ наведуваат во своето партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2020 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега