Летаа тупаници: Општа тепачка на мечот Гремио-Интернасионал (ВИДЕО)

Натпреварот од второто коло во Е-групата во Копа Либертадорес помеѓу градските ривали од Порто Алегре, Гремио и Интернасионал (0:0) мина во знакот на хаосот што се случи на теренот и осумтте црвени картони што ги покажа судијата Фернандо Рапалани.

Инцидентот се случил во 85 минута од натпреварот, а во мешаницата учествувале и резервните фудбалери и тренерите на двата клуба.

Десет минути биле потребни да се смират страстите на теренот, а потоа судијата поделил осум црвени картони, по четири за двете екипи.

Лусијано, Пепм Енрике и Миранда поцрвенеа кај Гремио, а кај Интернасионал исклучени беа Еденилсон, Моисес, Куста и Пракседес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2020 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега