Заев- Јанакакис: Договорот од Преспа беше клучен за градењето на добрососедски односи на двете држави

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Грција во нашата држава, Димитрис Јанакакис .
 
На средбата беа отворени повеќе актуелни теми, како ситуацијата со вирусот Ковид 19 и справувањето со истиот, ситуацијата со мигрантите, имлементацијата на Договорот од Преспа, членството на земјава во НАТО, очекуваниот датум за преговори со ЕУ и престојните парламентарни избори во земјава.
 
Заев во однос на состојбата и справувањето со Коронавирусот во нашата земја истакна дека земјава има мошне сериозен пристап и ги превзема сите превентивни мерки со цел спречување на ширење на истиот, но и  постојано следење на состојбата и воведување на нови мерки, бидејќи здравјето на граѓаните е од примарно значење.
 
Во однос на состојбата и движењето на мигрантите кон соседните земји и кон нашата воедно  Заев истакна дека со будност се следи и оваа состојба со цел поголема подготвеност  и справување со истата.
 
На средбата се разговараше и за имплементацијата на Договорот од Преспа, на што Заев истакна дека државата го спроведува и не отстапува од договореното како и со Договорот од Преспа така и со Договорот за добрососедство со Бугарија, со оглед на тоа дека склучувањето на овие два договори ја придвижија нашата земја напред, потврда за тоа е членството во НАТО и секако очекуваниот датум за преговори со ЕУ.
 
Токму овие два договори директно влијаат на стабилноста во регионот и со себе носат бројни бенефити за сите држави во соседството, а потврда за тоа е посочувањето на земјава како светол пример во регионот и  нејзиниот голем напредок .- посочи  Заев.
 
Во однос на престојните парламентарни избори и кампањата на политичките партии, претседателот Заев го информираше амбасадорот на Грција Јанакакис дека со оглед на ситуацијата со Коронавирусот, овојпат сите политички партии ќе водат сосема поинаква кампања односно ќе биде сведена на мас - медиуми, без јавни собири и митинзи.
 
Двете страни се согласија дека по решавањето на клучното прашање со името на државава, двете земји уште повеќе ќе ја продлабочат меѓусебната соработка на сите полиња од кои придобивки имаат и државите и граѓаните.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2020 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега