Кампањата на ДУИ се претвори во движење #СеГрижиме за да помогне во соочувањето со КОВИД-19

На денешната прес конференција од седиштето на ДУИ, Бујар Османи, ја презентираше новата телефонска Платформата, со која на сите граѓани на Република  Македонија, ќе им се пружи поддршка за сите нивни основни потреби.

„Преку движењето #СеГрижиме, ДУИ ќе им пружи поддршка на сите граѓани кои според препораките на Владата, одлучиле да останат дома, во исчекување на надминување на една од најтешките пандемии во последните години.

Додека чекаме да почне кампањата за парламентарните избори, ДУИ одлучи да стави на располагање над 10 илјади нивни активисти, кои ќе им помогнат на граѓаните од најранливата категорија и кои најмногу имаат потреба од помош.

Волонтерите од движењето #СеГрижиме ќе бидат распределени во сите региони на Република Северна Македонија, за да им помогнат на старите изнемоштени лица, или на тие кои поради други причини, одлучиле да останат дома. Сега е време за солидарност и да ги оставиме на страна политичките поделби и дневните политички битки“ велат од партијата.

Телефонскиот број ставен на располагање за сите граѓани од понеделник е: 0800 55 000.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2020 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега