Дурловски: На Македонија последниве три години и се случи национално понижување

Игор Дурловски, носител на лисатата на кандидати за пратеници на ВМРО – ДПМНЕ во изборна единица 5 на вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа говореше за граѓанскиот активизам и состојбите во државава во последните три години.

-И покрај тоа што бев директор на Македонската опера и балет и универзитетски професор, граѓанскиот активизам ми беше поголем предизвик. Преку протестите во 2017 година кажавме што ќе и се случува Македонија, а за овие три години и се случи национално понижување, рече Дурловски. 

Дурловски се осврна и на настаните по 27 април, притворите, обвинителниот акт.

Како човек секогаш сум се трудел да ја прикажам државата во најдобро светло, рече Дурловски, а ми се случи да ме судат поради тоа што сум работел против Република Македонија.

-Знаев дека еден ден ќе излезам од обвиненијата, од притворот, никој немаше можност да ме скрши зошто бев и сум на вистинската страна. Без разлика каде ќе ве стават треба достоинствено и гордо да стоите зад својот став. Убеден сум дека самиот обвинителен акт за 27 април е политичка конструкција. Да соберете луѓе кои ја сакаат својата држава, и да ги обвините  дека работат против неа, тоа мене не ми беше јасно. Изненаден бев и од Законот за амнестија кој предвидуваше селективен однос. Но, јасно е дека обвинителството и судството работат под притисок на политиката, на Владата, рече Дурловски.

Според него, следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги смени овие работи, следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи реформите да ги прават професионалци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2020 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега