ВМРО-ДПМНЕ: Предлагаме конкретни мерки, како медицински така и економски за справување со коронавирусот

Владата на Зоран Заев и СДСМ ќе остане запаметена како најкорумпираната и најкриминалната влада во историјата на Македонија, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо на подобрување на животот на граѓаните Заев и СДСМ три години беа посветени на проширување на личните бизниси преку рекет, корупција и непотизам. Наместо животот кој го ветуваа, донесоа сиромаштија, партиско правосудство, политички прогон и заробени медиуми.  Потврдата за криминалот, корупцијата на Заев и СДСМ како и заробените институции дадоа сите релевантни меѓународни институции. Стејт Департментот во извештајот за  2019 година нотира дека корупцијата, ограничената независност на судството, политизираниот Судски совет и несоодветното финансирање се најголемите проблеми во државава.  Во извештајот исто така стои и дека новинарите и медиумите се предмет на насилство и заплашувања. Со тоа практично се потврдува целата вмешаност на Заев и неговите функционери во случајот Рекет, начинот на кој ги рекетираше бизнисмените во Македонија и зошто судот не покрена никаква истрага против него и покрај очигледните докази кои ги виде целата јавност. Потврда за корумпираноста на власта дојде и од Транспаренси Интернешенл кој според индексот за корупција ја рангираше Македонија на 106 место во друштво на  Монголија и Брег на слонова коска, што докажа дека во земјава не владеат Устав и закони туку криминално рекетарскиот систем на Заев. Дека Македонија е држава на селективна правда и заробено правосудство  потврди и реномираното списание „Економист“ кое ја оцени Македонија како хибриден режим, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека поразително е и тоа што според „Економист“  Македонија е на 8 место во Светот по иселување на млади луѓе од државата.

-Меѓународните институции само ја потврдуваат реалноста во државава дека  Македонија откако СДСМ се на власт, стана заробена држава во која владеат криминалот и корупцијата на транзициските политичари Заев и Шекеринска. Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени. Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката, стои во партиското соопштени на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2020 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега