СДСМ ги откажува партиските активности на терен и се насочува кон социјалните мрежи и електронските медиуми

Здравјето на граѓаните е пред се. Согласно препораките на државните институции, СДСМ ги откажува сите партиски активности на терен, а останатите активности ги прилагодува и насочува кон социјалните мрежи и електронските медиуми., информира од СДСМ преку соопштение.

„Како одговорна партија, активно ја следиме ситуацијата и постапуваме согласно мерките и препораките на институциите во функција на заштита на колективното здравје на граѓаните.

Ги повикуваме граѓаните но и сите други субјкети да постапат во оваа насока и своето функционирање да го вршат прилагодено на максимално почитување на мерките и препораките на надлежните институции.

Сега е време, секоја индивидуа, секој субјект и политичка партија да покаже одговорност и да придонесе за заштита на јавното здравје“, информира СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2020 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега