ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ја манипулира јавноста, хидроакумулациите се испразнети

Ковачевски лаже, Заев ја потроши водата за струја, ќе нема за наводнување и пиење, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски ја манипулира јавноста. Хидроакумулациите се испразнети. Заев потроши повеќе од 2/3 од водата за производство на струја.

Заев ги остави земјоделците без вода за наводнување, последици кои ќе ги чувствуваат во текот на цела 2020 година, а граѓаните ги става под ризик да останат без вода за пиење.

•Тиквешко езеро е намалено за 70%.

•Езеро Калиманци е намалено за 75%.

•Езеро Турија е намалено за 65%.

•Прилепско езеро е намалено за 85%.

•Преспанско езеро изгубило вода во количина колку две Дојрански езера.

•Стрежевско езеро е намалено за 72,5%.

Состојбата е очајна и со Мавровското и Дебарското езеро.

Негрижата на власта ги уништува македонските езера.

Зоран Заев се што фати исуши. Негрижата поради неспособност и жед за пари мора да престане и да се казни. Неопходна е обнова која ќе донесе способност, работа, план и резултати.

По 12 април следува oдговорно користење на водниот фонд на Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2020 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега