Николоски: Изненаден сум што Пендаровски не ги вика на советот за безбедност политичките лидери

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на новинарско прашање вели дека е изненаден што Пендаровски не ги викна на советот на безбедност политичките лидери, а СДСМ држи тривијални прес-конференции во време на криза.

-Тоа е предлог кој што ние веќе го даваме три дена до владата, до денес владата се одлучува на оваа работа. Во однос за средбата кај Пендаровски, не сум сигурен дека се поканети лидерите на најголемите политички субјекти и малку е чудно една таква ситуација се уште денеска да нема покана за лидерите на најголемите политички субјекти, што е во насока на овој кој што го споменав претходно политички маркетинг. Имаме чувство како да се натпреваруваат помеѓу себе разни претставници кој ќе направи подобар маркетинг, а не да се справиме со ситуацијата, рече Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега