ВМРО-ДПМНЕ: Со пад од 13 места на листата на Транспаренси се потврди дека корупцијата блеска во Македонија

СДСМ и Зоран Заев го промовираат и штитат криминалот и корупција. Милионските тендери, зделките и криминалните рекети ја донесоа државата на дното на Европа. Според индексот на корупција на исто место сме со Монголија и со Брегот на Слоновата Коска. Со пад од 13 места на листата на Транспаренси се потврди дека корупцијата блеска во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Македонија е земја каде правдата е тоа што ќе рече Заев, како и во секој хибриден режим. Деструктивните политики коишто ги направи Заев на грбот на народот не не однесоа напред. сидрото на лажните ветувања не однесе на дното на неправдата и недемократијата. Жицата на којашто Заев се колнеше блескаво пукна, како што распука судството од невидени криминални афери, поткупи, уцени и нарачани обвиненија за неистомислениците на СДСМ, се потенцита во партиското соопштение и се додава:

„СДСМ во мандатот успеаја да остават 500.000 луѓе во Македонија да живеат под прагот на сиромаштија, понижени земјоделци, студентски стандард под нормалата, обезличување на македонскиот народ. Заев наместо да спроведува реформи е промотор на најголемата партизација во Македонија. нема институција што не ја зафати политизацијата, а се вработуваа цели семејства на функционерите на СДСМ. СДСМ  не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри. Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени“.

Гласот за Заев, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ, е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега