ДПА одржа партиски конгрес и покрај препораките за заштита од коронавирусот (ВИДЕО)

Демократската партија на Албанците и покрај препораките за претпазливост од коронавирусот, oдржа конвенција на 12 март во затворена сала во Тетово.

На фотографиите и видеата од конвенцијата, може да се забележи голема посетеност на настанот, а луѓето седат едни до други.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, бил еден од говорниците на конвенцијата каде се презентирале кандидатите за пратеници на претстојните избори.

Тој во својот говор ги критикува неговите опоненти Билал Касами, Али Ахмети и Зијадин Села.

Во моментов во Македонија има 18 потврдени случаи со коронавирус, од кои 16 се во Дебар каде движењето на граѓаните целосно е ограничено.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега