Заев: Ситуацијата е под контрола, Владата, институциите се поставени професионално во служба на јавното здравје

 
Постојат многу влезни аргументи за тоа кога би требало да бидат одржани изборите, пред сé најважно е здравствената состојба и јавното здравје во државата, кажа лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција.
 
„Министерот за здравје редовно информира и ги споделува своите информации. Ги следиме трендовите од Кина до Западна Европа, Италија итн.
 
За деталите за точен датум јас би оставил да разговараме сите лидери одмерено. Здравјето пред сé и над сé. Кога ќе биде стабилизирана состојбата, кога тоа ќе биде овозможено, пред сé здравјето на граѓаните да биде обезбедено трајно, тогаш би можело да се одржат и изборите.  Денес има Совет за безбедност таму Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Никола Димитров ќе бидат присутни, по функција тие се членови на Советот за безбедност, ќе биде и министерот за внатрешни работи, Чулев кој што веројатно ќе ги пренесе информациите до ВМРО-ДПМНЕ, но веројатно ќе биде и претседателот на Собранието заради ДУИ а и другите членови на Советот за безбедност.
 
Верувам дека постојат начини како да се искоординираме и заедно да ги донесеме одлуките околу одложувањето и околу фиксирањето на новиот датум за одржување на вонредните парламентарни избори“, кажа Заев.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега