Ракометар на Рајн Некар заразен од коронавирусот

Данецот Мадс Ленсах Ларсен е првиот професионален ракометар со дијагностициран Ковид-19. Олимпискиот и светски шампион со данската селекција почувствувал симптоми на грип, се пријавил за тестирање и добил позитивни резултати. Сместен е во изолација и, според информациите во тамошните медиуми, се чувствува добро.

„Во постојан контакт сме со напиот лекарски тим, со здравствените работници и со властите. Ќе сториме се што е во наша моќ да го запреме ширењето на коронавирусот. Свесни сме за нашите обврски и одговорности во овие тешки моменти. Здравјето на нашите ракометари и вработени е наша главна цел“, изјави Џенифер Катерман, извршна директорка на Рајн Некар Левен чиј дрес го носи Ларсен.

Ларсен ја почна ракометната кариера во Копехнхаген, за потоа преку Нордсјиланд и Алборг да направи трансфер во Рајн Некар Левен во 2014 година. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа