ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да поднесат кривична пријава ако имаат докази за криминал

  

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска остро реагираа на обвинувањата од опозициската СДСМ.

 Ако СДСМ има докази за кривично дело, ги повикиваме да поднесат кривична пријава. Но, нема да поднесат бидејќи и самите знаат дека се е чисто и законски а во недостаток на теми, мораат нешто да зборуваат за да не ги критикуваат дека нема опозиција. Затоа критикуваат дури и кога се гади нешто.

На СДСМ се им смета. Тие се против проектите на Владата не затоа што се лоши, туку затоа што немаат со што да се пофалат дека направиле во нивно време, и со што ќе можат да се споредуваат.

 

СДСМ во нивниот мандат не рализира ниту еден позначаен проект од кој граѓаните ќе имаат корист. Нивното владеење беше одбележано со низа скандали и афери, а буџетските пари наместо во градби и инфраструктура завршуваа во приватни џебови и во бисери за министерките.

19.10.2013 - 15:55

најчитано сега