Села: Поддржуваме одлагање на изборите, без здравје нема политичка сигурност

Ние како Алијанса за Албанците велиме дека една од основните работи на политиката е и сигурноста на граѓаните, сигурност без здравје нема. Затоа поддржуваме да се одложат изборите. Со другите партии се договоривме дека изборите треба да се одложат, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по средбата кај претседателот Стево Пендаровски.  

Тој додаде дека експертите треба да најдат модалитети како да се дојде до одлагање на изборите, а после партиите да се договорат и за друг датум за избори кога ќе има услови.

Села пред медиумите ја најави средбата на експертите, а потоа упати апел до Владата да се фокусира на снабдувањето со храна и се друго што треба за граѓаните во двете жаришта Дебар и Центар Жупа каде што живеат и други кои не се заразени, но има и луѓе од други места кои се затекнале таму. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега